Добредојдовте на cs-other
 
HomeportalПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез
Спонзорирано од Дринкфаст !!
Спонзорирано од DrinkFast !! naskoro i slika
Наш Банер
Clock
Пријатели
Poll
Дали ви се допаѓа нашата страна
 да
 не
Види ги резултатите
EN-МК / Менување поддршка
Сегашна поддршка:

Share | 
 

 Бебе со по 12 прсти на рацете и нозете

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
darkwolf
Гостин



ПишувањеПредмет: Бебе со по 12 прсти на рацете и нозете   Сре Фед 04, 2009 2:38 pm

Лекарите од една болница во Сан Франциско соопштија дека во нивната установа е родено бебе со по шест прсти на секоја рака и секоја нога, сите совршено формирани и функционални.

„Прекубројните прсти на бебето се толку многу совршени што по раѓањето никој не ги забележал“, изјави мајката на новороденчето.

Чест случај е некое дете да се роди со шести прст на раката или ногата, но многу ретко се случува некое бебе да дојде на свет со 12 прсти на рацете и исто толку на нозете, и притоа сите да функционираат.

Полидактилијата или шестопрстост е деформација која се пренесува генетски.

Во овој случај во семејството на таткото на бебето оваа појава е забележана повеќепати, но прекубројните прсти никогаш не биле совршено развиени. На таткото на бебето на детска возраст му се отстранети шестите прсти, затоа што не биле доволно развиени.

Новороденчето најверојатно нема да биде подложено на операција за отстранување на прекубројните прсти.

„Тоа пред сè е интересна и чудна варијација отколку загрижувачка појава. Замислете какви изведувачки можности би биле тоа за некој пијанист, гитарист или стенограф“, истакна еден педијатар во болницата каде што е родено детето.
Вратете се на почетокот Go down
 
Бебе со по 12 прсти на рацете и нозете
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Добредојдовте на cs-other Форум :: Технологија :: Вести и Информации-
Отиди до: