Ѕвездата од реалното музичко шоу „Операција Триумф“, 19-годишната Милица Мајсторовиќ, „доби нога“ од својот дечко, пливачот Иван Леџер. Црнокосата Милица ја започнала љубовната врска со српскиот пливачки ас Иван преку Facebook, а двојката раскинала поради многу обврски.
Извор близок на Иван изјави дека раскинувањето било по телефон
– Иван пред неколку дена и се јави на Милица и и рече дека има премногу обврски и најубаво е повеќе да не се гледаат. Тој едноставно има премногу обврски па се реши да тргне една.
Романсата помеѓу Милица и Иван започна пред два месеци откако атрактивната млада пејачка излезе од академијата, а потоа пливачот преку телевизиски пренос од Европското првенство во Риека испрати бакнеж за ѕвездата од Операција Триумф.
- Мислам дека тоа што го направи Иван е правилна одлука. Двајцата имаме премногу обврски, тој е преокупиран со спортот, а јас треба да настапам на „Беовизија“. Решивме кога ќе завршиме со обврските да се видиме и да разговараме што понатаму, изјави Милица.