Американската актерка Џејми Присли е на врвот на листата за најубави
женски тела во Холивуд, според магазинот „Shape“. Атрактивната Џејми
позади себе ги остави убавиците како Анџелина Џоли, Камерон Дијаз,
Меган Фокс и Скарлет Јохансон.
Ѕвездата од серијата My name is Earl изјави дека своето тело го одржува со редовно вежбање.
-
Верувам во изреката „без мака нема наука“. Морате правилно да вежбате и
редовно да се храните. Не сакам да бидам слаба како по холивудските
стандарди бидејќи го сакам мојот задник. Тежината ја одржувам со
тренинзи и со правилна исхрана, објасни Џејми.
Сексипилната
Присли (30) е во брак со познатиот диџеј Ерик Калво, а пред две години
го роди синот Дизи Џејмс. Килограмите што ги стекна со бременоста ги
стопила со вежбање, а смета дека жената може да биде секси само ако има
облини.