Немојте да бидете во близина на Кристијан Бејл додека снима сцени од
некој филм. Таа лекција ја научи екипата од новиот филм за Терминатор.
Бејл
направил скандал на снимањето на новиот филм, Terminator Salvation.
Актерот со погрдни зборови ги навредувал членовите на екипата и сакал
да си замине од снимањето.
Ѕвездата од The Dark Knight се разбеснил откако директорот на фотографија, Шејн Хурлбут влегол во сцената каде што снимал Бејл.
-
Ако уште еднаш влезеш во кадар јас нема да се појавам на работа додека
ти не бидеш отпуштен. Дали јас ти ги растурам светлата позади камерите?
Зошто тогаш ти ми поминуваш пред камерите додека ние снимаме? Ти си
само еден е*** аматер, се развикал Бејл.
Американските новинари соопштија дека „бетменот“ 36 пати го изговорил непристојниот збор кој почнува на буквата „F“.
Хулбурт не бил единствениот кој бил на мета на разбеснетиот актер бидејќи и режисерот Мек Џи добил неколку сочни коментари.
-
Нема да одмориме ниту една е**** минута. Идеме да снимаме повторно.
Немојте да ме смирувате бидејќи има да му го разбијам е******. задник
на Хурлбут, викал Бејл.
Актерот минатата година беше приведен за
напад врз мајка си и сестра си. Настанот се случи во лондонскиот хотел
Dorchester пред британската премиера на The Dark Knight. Мајката на
Бејл, 61 годишната Џени и неговата 40 годишна сестра Шерон тврдеа дека
актерот имал напад на бес и се однесувал агресивно кон нив. Неколку
недели по настанот Бејл беше ослободен од обвинението.