Јапонците продолжуваат да нè шокираат со своите идеи. Тие направија
хотел од мраз во кој гостите можат да уживаат во истите благодети како
и во луксузен хотел од 5 ѕвезди.
Хотелот „Alpha Resort –
Tomamu“ се наоѓа во градот Шимукапи, на северниот дел од Јапонија.
Целата внатрешност на хотелот е направена од мраз. Луѓето може да
одмараат на замрзнат кревет или пак да се опуштат во бања со ледена
купка.
Гостите немаат проблеми со студеното, бидејќи кога одат на спиење се
облекуваат во топли вреќи за спиење. Барот е опремен со чаши и чинии од
мраз кои одлично се вклопуваат во замрзнатиот амбиент.
- Никогаш
не сум била во толку студен хотел, но сепак чувството е одлично. Целата
атмосфера прави да се чувствуваш релаксирано. Единствен проблем ми беше
туширањето и легнувањето во кревет. Интересно е да јадеш на чинија од
мраз или да пиеш скоро замрзнато пиво во ледена чаша, изјави една
Јапонка која била гостин во хотелот.