Тренерот на Интер Жозе Мурињо незадоволен од синоќешниот резултат на својата екипа во мечот од осмина финалето во Лигата на Шампионите против Манчестер Јунајтед за неуспехот го обвинил судијата Медина Канталехо од Шпанија.
"Можеби во реваншот ќе имаме делители на правдата кои ќе судат во полза на Интер. Ако во Манчестер имаме судии кои ќе ја штитат гостинската екипа, како што синоќа направи Канталехо тогаш ќе се пласираме во следната рунда. Не велам дека не оштети драстично, но секој мал прекршок го свиреше во нивна полза. Ако го погледнеме односот на прекршоци и бројот на жолти картони се ќе ни биде јасно." - се пожалил Португалецот.
Кога ги чул жалопојките на својот колега, на менаџерот на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон не му било јасно што зборува Мурињо.
"Според моето мислење судењето беше одлично. Мурињо не успеа да го исплаши арбитарот, иако се надеваше дека тоа ќе му појде од рака. Повторувам, судијата одлично си ја заврши работата." - изјавил Фергусон.